kkkk
l

Глобализацијата на економијата како процес овозможува создавање на еден единствен пазар а логистиката представува една важна алатка во процесот на доближување на самите пазари. Пазарот кој располага со современи логистички капацитети може да ја истакне логистиката како сопствена компаративна предност над другите економиии кои заостануваат во таа насока.
Во правец на вклучување на Македонската економија во светските трендови и процеси, а со цел доближување на Македонскиот пазар кон европскиот и светскиот, се изготви проект чија цел се фокусираше на поттикнување и развој на современи логистички концепти. Таа улога заеднички ја проектираа и реализираа AMERIT - Стопанската Интересна Заедница “Македонија Сообраќај” и InWent – Сојузното министерство на владата на Германија за меѓународна финансиска помош.
Во рамките на проектот беа организирани работилници во Македонија и Германија чија цел беше да ги запознае раководните кадри на транспортните компании во Македонија со можностите и решенијата поврзани со логистичките концепти.
Главен консултант на проектот е проф. др. Вернер Екштајн, чие богато искуство во доменот на логистиката представува голем плус за успешноста на проектот.

Назад кон насловна

насловна | контакт | тековни активности | консалтинг | историја | Превоз на Збирни Пратки
webmaster Mицоски Бојан | © Mac Log - European Logistic Interface

 

dole